Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“.

Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Со одлуката, градоначалникот е овластен да го формира работното тело во најкраток можен рок, со оглед на тоа што целта е меморијалот да биде реализиран навреме за едногодишното одбележување и оддавање почит на жртвите од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Работното тело ќе биде составено од градоначалникот, претставник на Советот, претставник на Здружението – предлагач, член од општинската администрација, како и надворешен експерт со соодветна стручност. Целта, како што беше образложено, е процесот да се води транспарентно, координирано и без простор за пропусти.

Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Извор: Скопје1.мк

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Малина Попиванова“ – Повик за наддавање за термини во спортската сала

ООУ „Малина Попиванова“ од Кочани објави Јавен  повик за учество во наддавање за распределба на термини во спортската сала на училиштето.

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го доби решението за изградба на меморијален простор во Стариот парк

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор ќе биде наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од