На 10.05.2025 во 13:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа
На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ако си сопственик на мал или среден бизнис, менаџер со визија или претприемач во развој – ова е твојата покана за промена. Во организација на Фондација Прогресив Академија, во Винчини Развоен Центар – Виница, ќе се одржи Прогресив Лидерска Конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, на 15 мај (четврток) со
„Меристем-Тоби“ – Дооел Кочани има потреба од: – двајца багеристи – еден дамперист – еден општ работник Плата редовна и солидна. Бонус за добредојде. Информации на 077/704-272. Лице за контакт Борче.
Во недела, во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани, ќе се одржи Света Литургија и поклонение пред иконата на Пресвета Богородица, дар од Рилскиот манастир. Оваа икона, изработена како акт на братска љубов и молитвен спомен од јеромонахот Павел и братството на Рилскиот манастир, пристигна како благослов за верниците од Кочани и пошироко. За време
Тој откри дека во пожарот во „Пулс“ загубил петмина другари и нагласи дека мора да се преземе нешто за народот во Кочани да може да живее. Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на плоштад Македонија во Скопје беа сведоци на необична сцена – непознат маж, залепен со селотејп за бандера, во близина на фонтаната.
Наскоро, стручниот тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива започнува со групни разговори – работилници за справување со траума и загуба и за ментално зајакнување, наменети за млади, семејства и професионалци, директно или индиректно погодени од трагичниот настан во Кочани. Искусни стручњаци, психолози и психотерапевти отвораат простор за разговор, стабилизација, поддршка и справување со
Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани. Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење. Поддршка на акцијата даде
Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип. На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка
Средните и три основни кочански училишта направиле долг од неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари. Ова е констатирано при увидот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во работата на КЈП „Водовод“, односно при утврдувањето на најголемите должници од редот на правните субјекти. Највисок долг има ОУ „Никола
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Кочани. Toj се сомничи п за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја следел неговата поранешна партнерка и ѝ праќал пораки со заканувачка содржина.