„Простор за поддршка“ – бесплатни групни работилници за справување со траума и загуба

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Наскоро, стручниот тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива започнува со групни разговори – работилници за справување со траума и загуба и за ментално зајакнување, наменети за млади, семејства и професионалци, директно или индиректно погодени од трагичниот настан во Кочани.

Искусни стручњаци, психолози и психотерапевти отвораат простор за разговор, стабилизација, поддршка и справување со емоции. Работилниците се целосно бесплатни и доверливи, со цел да се обезбеди сигурно и безбедно место за младите во Кочани, коишто се борат со емоциите.

Контакт за пријава или дополнителни информации можат да се добијат на телефонскиот број 078 313 306.

Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива, со поддршка од Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се продава комплетно наместен стан во строгиот центар на Кочани – ПОВОЛНО!

Се продава комплетно наместен стан во центарот на Кочани, со површина од 68 м². 🔹 2 спални соби 🔹 Дневна соба со прекрасен поглед кон реката 🔹 Одделни WC и бања 🔹 6-ти кат со лифт 🔹 Соларен систем, електрично греење и 2 инвертер клими 🔹 Вклучен мебел 🔹 Гратис подрум 6 м² 💰 ПОВОЛНО!📞

На 10 и на 11 јули во Кочанско – втор третман од земја за заштита од комарци

В четврток, 10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка. Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Кочани, 8 јули 2025 – Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.     Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше