Кочански училишта му должат на КЈП „Водовод“ 10,5 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Средните и три основни кочански училишта направиле долг од неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари.

Ова е констатирано при увидот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во работата на КЈП „Водовод“, односно при утврдувањето на најголемите должници од редот на правните субјекти.

Највисок долг има ОУ „Никола Карев“ – 5.631.534 ден., а по него се двете средни училишта, „Гошо Викентиев“, кое должи 1.851.584 ден. и „Љупчо Сантов“, кое е со долг од 1.265.163 ден. ОУ „Раде Кратовче“ има неплатени сметки во износ од 950.838 ден., а ОУ „Св. Кирил и Методиј“ му должи на „Водовод“ 817.019 ден.

Основните училишта „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мисирков“, ОМУ „Ристо Јуруков“, како и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ немаат долгови за вода.

–  Ова се милионски долгови коишто се толерирани долго време. Срамно е КЈП „Водовод“ да ги дава на извршител граѓаните со долг од по 3-4 илјади денари, а да не постапува соодветно кон правните субјекти што се должници. Наредниов период ќе излеземе со целосен список на сите должници кон „Водовод“. Целта е сите пари да се приберат за да се направи функционално кочанското комунално претпријатие, затоа што  токму ненаплатените приходи го довеле до загуба и блокада – истакнува в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Крстевски најави финансиска ревизија на КЈП „Водовод“, со која точно ќе го дефинира долгот на претпријатието, кој неофицијално е над 4 милиони евра.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На неполна година пред трагедијата во Кочани, дали државата доволно помогна?

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена со финансиската донација од Агенцијата за електронска комуникација. Директорката Габриела Стефановска за Радио Кочани посочи дека во наредните денови ќе следува тест

Кочанчанец нападнат во угостителски објект…

На 12.02.2026 во 09:50 часот во ОВР Кочани, М.Џ.(19) од Кочани пријави дека во угостителски објект во Кочани, Џ.Ш. од Кочани го нападнал со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.