Генералка викенд во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани.

Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење.

Поддршка на акцијата даде и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека минатите две седмици комуналните служби направија силни напори Кочани полека да ја доведе на повисоко ниво чистотата на јавните површини.

Собраниот отпад во акцијата Генералка викенд ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Семејството Стоименовски од Кочани остана без дом додека Виолета примала хемотерапија – Помош од хуманите граѓани им е потребна час поскоро…

Тешка животна трагедија го погоди семејството Стоименовски од Кочани – нивниот дом целосно изгорел во пожар, додека тие се наоѓале во Скопје на лекарска посета. Во моментот на несреќата, Виолета Стоименовска примала хемотерапија поради карцином на градите, со кој храбро се бори веќе некое време. Покрај тешката здравствена состојба и ограничените финансиски можности, сега ова

Кочанчанка претепана на паркинг од страна на партнерот

Вчера во 17:44 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Кочани пријави дека околу 17 часот на паркинг на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.Ѓ. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Загина 72-годишен возач на мопед при судир со болничко возило

На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од