Амфенол вработува техничар за влезна контрола на материјали…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:

 

Техничар за влезна контрола на материјали во

ПЕ Проком

Одговорности и задачи:

 

Да проверува според одредена процедура т.е. план за контрола, цртеж и спецификација / основни материјали, полуготови производи и финални производи при влез на материјалите и излез на готовите производи од фабриката ;
Проверка и мерење со уреди за мерење, мали делови и компоненти и евиденција и зачувување на записи за квалитет ;
Контролирање на производите, користење на предвидените уреди за инспекција на произведените делови според контролните планови и нивно ослободување за понатамошно користење или блокирање во случај на грешка;
Блокирање на материјал, производи;
Да се обезбеди бараниот квалитет на основните материјали т.е. да не дозволи влез на материјали со несоодветен квалитет во производниот процес ;
Класификација на осомничениот материјал и производи и евиденција ;

 

Потребни квалификации:

 

Средно Техничко образование;
Солидно познавање на работа со компјутер, пред се Microsoft Office (

Word, Excel, Outlook… );

Статистички методи за обработка на податоци;
Основно познавање на англиски јазик – комуникација,читање и

пишување

Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со

кратки рокови

Солидни организациски способности и комуникациски вештини

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 20.09.2024 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Техничар за влезна контрола на материјали ПЕ Антени/ Проком

 

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

25 Мај – празникот што ја обединуваше Југославија

Со Штафетата на младоста и масовниот слет на стадионот ЈНА во Белград, 25 мај беше еден од најзначајните празници во поранешна СФРЈ. Празникот се одбележувал од 1945 до 1988 година и бил поврзан со роденденот на Јосип Броз Тито, иако според историските податоци Тито е роден на 7 мај 1892 година. Во првите години 25

Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув

Домашното производство под притисок: Земјоделците бараат фер пазар и контрола на увозот

Земјоделците алармираат дека проблемот не е само во увозот, туку и во слабите контроли и неправилното декларирање на производите на пазарите. Според нив, дел од увезената стока се препродава како домашна, со што се оштетуваат локалните производители и потрошувачите. Економистите посочуваат дека увозот е нормален дел од пазарот, но проблемот настанува кога нема доволна инспекција,