Убедлива победа на вториот ден од Европското првенство во футсал, на екипата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. Во вториот натпревар со екипата на Унгарија 3 прилепските средношколци победија со 10:0.
Стрелци: Андреј Петрески 2, Бернис Селимоски1,Теодор Ѓероски 1, Димитар Оклески 1,Ведран Мегленски 3 и Бруно Стефаноски постигна 2 гола.
Во првиот натпревар кој што се одигра вчера на стартот од Европското првенство во футсал (машки), кое се одржува во Бања Лука од 10 до 16 мај, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп против селекцијата на Словачка одигра нерешено 4:4. Во исклучително тежок и неизвесен натпревар, учениците покажаа голема борбеност, квалитет и спортски дух.
Третиот меч од групната фаза се игра денеска во 15:30 часот против Белгија.
Европското првенство е наменето за ученици до 18 години и обединува 15 екипи од целиот континент. Покрај Македонија и Словачка, учество земаат и претставници од Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија и Република Српска.
Македонската делегација во Бања Лука: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.









