Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука.
Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај) па сè до 16 мај ќе ја биде дел од Европското отворено првенство во футсал за учесници до 18 години.
На собирот учествуваат 250 млади спортисти од 11 земји, поделени во15 екипи. Покрај екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп как македонски претставници, фудбалските веѓтини во мал фудбал ќе ги одмерат и врсници од Белгија, Унгарија, Чешка, Словенија, Србија и други европски земји.
„Овој шампионат не е само обичен натпревар, туку вистинска прослава на младоста, различноста и фер-плејот, нудејќи им на учениците шанса да градат мостови и пријателства кои ги надминуваат границите на теренот.“ велат од Федарцијата на македонскиот учишен спорт.
Натпреварувачкиот дел ќе биде поделен во четири групи, а натпреварите ќе се одиграат во спортски сали во Бања Лука, како „Борик” и „Центар”. За прилепските средношколци ова е круна на нивниот досегашен труд и успех на домашно тло, но и голема одговорност да се покажат во најдобро светло пред европската јавност. Од Федерацијата на училишен спорт на Македонија упатија искрени желби за успех до тимот на „Р.Р Ричко -Прилеп “, потенцирајќи дека ваквите настани се клучни за обликување на спортскиот дух и зајакнување на европската училишна заедница.
“Упатуваме огромна поддршка до нашите ученици и нивните ментори. Ви посакуваме среќа, успешни натпревари и достоинствено претставување на нашето училиште и нашата држава.„ напишаа од СОУ Рустески Ричко , горди на својата футсал екипа.









