Како дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“, традиционално и оваа година ЕХО фестивалот на планински филм ќе ни се претстави во Прилеп. Проекцијата на филмовите ќе биде во петок на 15 Мај 2026г во црквата Св.Никола во Варош, со почеток во 20.00ч.
Прилепчани ќе можат да ја проследат и да уживаат во следната филмска програма :
„Патување на животoт“, Жером Танон, Франција, реализација 2024 година, траење од 44 минути
„Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, реализација 2024 година, во траење од 38 минути
„Најдобриот ден досега“, Бен Најт/Берн Броуди, САД, реализација 2025 година, во траењето од 48 минути.
Покрај проекцијата на филмови, посетителите ќе бидат дел од презентацијата на последните две книги од издаваштвото на ЕХО фестивалот.









