Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино.

Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да се зачува локалната традиција и да се создадат нови можности за економски развој во руралните средини.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, како и словенечкиот амбасадор во Република Македонија, Грегор Прескер, чие присуство му даде дополнителна тежина и публицитет на настанот.

Од општината истакнуваат дека со вакви активности продолжуваат да ги промовираат потенцијалите на регионот и да создаваат нови можности за развој на туризмот и локалната економија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира

Мицкоски од Кочани: Владата и општината интензивно инвестираат во развој на инфраструктурата

Доаѓаме за убави работи овој период од годината во Кочани, нови проекти, нешто коешто очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на Општина Кочани. Овие проекти се дел од она за коешто во минатото зборувавме, истото како што е дел и оној капителен проекти изградба на експресен пат којшто треба да го

Чувар и двајца соселани вдишале чад гаснејќи пожар кај Прочистителната станица – Укажана им е лекарска помош….

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како