Хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“ за поддршка на предвремено родените деца

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В недела, на 7 ми декември, од 19 часот во Цепенков ќе се одржи хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“  за поддршка на предвремено родените деца. На концертот ќе настапат најталентираните уметници деца од градинките и прилепските училишта.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Цепенков, а картите ќе може да се набават од кафетериите Лувр, Димпломатик и Еспресо.

Средствата кои ќе бидат собрани од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за набавка на нов бејби вормер за новороденчиња ( апарат за одржување на телесната температура на предвремено родените деца.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Откупувачите ги изедначија цените по класи, највисоката 420 денари

Во рамките на предвремениот откуп, по паузата, Тутунски Комбинат од 1 ви декември продолжи со преземање на актуелната реколта, а паралелно откупуваат и Кавекс, Италмакс. Во најава за старт се Сокотаб, а од утре почнуваат Алијанса и Пашоски. Останатите компании Секе и Орбита Табак сеуште немаат пријавено во Сојузот кога...

Засилување на медицинскиот тим во прилепската болница со 22 млади доктори

Прилеп доби 22 нов доктори –  21 по општа медицина и еден доктор по стоматологија, кои денеска добија решенија за вработување во прилепската болница “Борка Талески”. Новопримените доктори се млади професионалци кои во болницата ќе донесат нови знаења и енергија со силна посветеност кон медицинската пракса. Тие ќе бидат распределени...

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

Авто Контрол Станица за технички преглед тргнува во нова зимска акција во мисијата за побезбеден сообраќај. Од 2.12.2025 до 15.03.2026 и оваа година Авто Контрол, во соработка со Уни Ројал Компани, ја стартува зимската акција со погодности за сите возачи со доделување на ваучер од 1.000 денари за набавка на...