Есенски прваци без ниту еден пораз – Младост 96 доминира во женската пинг-понгарска суперлига

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-понг лига без ниту една загубена средба. Во последниот натпревар каде со одлучуваше есенската полусезона со директниот конкурент „Шампиони ФА“, остварија победа со 4-3. Тимот ја демонстрира својата сила и тактичка зрелост во секој натпревар, што резултираше со перфектен биланс и убедливо водство на табелата.

Во овој успех силен печат оставија Софија Хасану, Ива Димитриеска, Емилија Бошкоска, како и интернационалното засилување од Грција, Стела Цариду. Нивната одлична форма, карактер и посветеност на теренот ја потврдија амбицијата на клубот да биде врвна сила во македонскиот женски пинг-понг.

Тренерскиот и стручен тим истакнаа дека квалитетот на играчките, нивниот тимски дух и континуираната работа во клубот се клучот за овој успех.
Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и љубителите на спортот, најавувајќи дека ова е само почеток на уште поголеми успеси.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...