Ќе се снимаат собраќајните прекршоци и ќе се казнуваат прекршителите – стартува пробниот период за системот „Безбеден град“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од утре, 1 декември почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата.

Инаку, пробниот период е до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година, системот ќе почне целосно да се применува.

„Сторителите на прекршоци што ќе бидат документирани преку овој систем ќе бидат санкционирани согласно одредба што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата. Нема да има толеренација без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“,велат од МВР

Сопствениците на возилата чие прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС и маил известување со линк, на кој ќе се може да се преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина од сумата на казната. По истекот на тој рок, износот мора целосно да се плати во следните осум дена, пред да почне постапката за присилна наплата.

Казните ќе можат да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе ја известува полицијата дека глобата е платена.

До средината на следната година се очекува со овој систем, што детектира сообраќајни прекршоци, да биде покриена целата територија на државата. Со камери засега ќе бидат покриени Скопје, Тетово и Куманово, но и автопатите и експресните патишта долж коридорите „8“ и „10“.  Технологијата ќе нема милост кон прекршителите, а целта е поуреден и побезбеден сообраќај.

Дали камерите ќе ги вразумат возачите, ќе се види веќе во првите недели од системот, кој од утре почнува да снима и да предупредува, а од нова година и да казнува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...