Лицето што пукаше во вработена во ЦСР- Прилеп избегал од болницата во Демир Хисар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Лицето кое што во март оваа година,  пукаше и застрела вработена во Маѓуопштинскиот центарот за социјални работи – Прилеп, денеска избегало од психијатриската болница, ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, информира МВР.

Денеска (29.11 2025) во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на место викано „Мечкин Камен” во Крушево го приведоа А.Ј.(51) од Прилеп. Имено, претходно,  во 13:35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека од Психијатриската болница Демир Хисар, А.Ј.(51) од Прилеп се оддалечил од болницата, соопштија од МВР.

Наводно, лицето се заканувало на повеќемина додека полицијата не го фатила и привела во соседно Крушево.

Настанот се случи на 24.03.2025 во Прилеп, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ј.(50) од Прилеп затоа што претходно во просториите на Јавната установа – Центар за социјални работи Прилеп од огнено оружје пукаше во вработената М.Ѓ.(37) од Прилеп и ѝ нанесе тешки повреди. М.Ѓ. бише на болничко лекување каде ѝ беа констатирани тешки телесни повреди. По документирање на настанот, против А.Ј. беше поднесена кривична пријава.
И, тогаш полицијата проверуваше како насилникот кој пукаше и тешко рани вработена во МЦСР Прилеп, избегал при транспорт од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар до Основен суд Прилеп, и како дошол до оружје. На разговор тогаш беа повикани повеќе лица,  стоше во известувањето од СВР Битола за овој немил настан, кој ја предизвика сериозен страв кај вработените во центрите за социјална работа, кои тогаш преки протести бараа поголема заштита и безбедност како јавни служебници при вршење на нивната работа. Но, набрзо се случи “Кочани“ и  овој случај  беше брзо заборавен. Остана, без сериозен пристап и важност,  само, забележан во новинарските и полициските извештаји.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...