( Видео) Како Победа изгуби со Брегалница?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Победа го стави сериозно својот опстанок во ВМФЛ, по денешниот пораз со Брегалница на домашен терен  (О:4 ). Фудбалерите на Брегалница – Штип, својата задача ја завршија уште во првото полувреме, кое го завршија со два постигнати гола (Демири и Калпачки), а по грешките на домашната одбрана два гола реализираа и во вторите 45 минути за конечни 0-4 (Михолов и Тасев).

Натпреварот на стадионот „Гоце Делчев“ се одигра и овој пат без гледачи, заради суспензијата на прилепскиот второлигаш од страна на ФФМ, заради однесување на публиката на еден од натпреварите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...