(ФОТО)Краделе дрва, па се обиделе да прегазат полицајци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дрвокрадци во прилепско синоќа предизвикале судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На 25.11.2025 во 22.30 часот, во ОВР Прилеп Р.М. од Прилеп  пријавил дека на стариот патен правец Прилеп – Велес кај мeсто викано Дервен, пријавителот вработен како шумски  полицаец заедно со неговите колеги, затекнале две возила кои вршат бесправен транспорт на огревни дрва и при обид да ги стопираат истите се обиделе да ги прегазат, при што удриле во нивното службени возило и избегале. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица Прилеп при што е утврдено дека се работи за  Е.А. и М.А. двајцата од Прилеп и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп: Од 280 апликации за самовработување, повеќе од половината добија гранд средства

Во Центарот за вработување Прилеп годинава пристигнале 280 апликации за самовработување, од кои 167 успешно го поминале филтерот за стартување на нови бизниси. Во тек е склучувањето на договори, така што наскоро треба да се очекува отпочнување на производствени и услужни бизниси, од кои некои за прв пат се регистрираат...

Прилепски судии ќе судат натпревар од младинската лига на шампиони

Ново признание за македонските судии од УЕФА.Дуелот помеѓу ФЦБ и Пушкаш ќќе го судат прилепските судии, Влатко Илиоски како главен , Иле Мишески како негов асистент , тука е и Мартин Дејаноски од Кичево , а четврт судија на овој меч ќе биде романецот Влад Бабан. Натпревар започнува утре со...

Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

За два дена, од четврток започнува со откуп Италмакс, покрај Тутунски Комбинат и Кавекс Балкан, а од почетокот на наредната недела, од први декември во откупната кампања се вклучуваат и останатите 7 откупувачи.  Првата седмица од предвремениот тутунски откуп помина како и што се очекуваше: тутунот се откупува само во...