Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

За два дена, од четврток започнува со откуп Италмакс, покрај Тутунски Комбинат и Кавекс Балкан, а од почетокот на наредната недела, од први декември во откупната кампања се вклучуваат и останатите 7 откупувачи.  Првата седмица од предвремениот тутунски откуп помина како и што се очекуваше: тутунот се откупува само во прва класа, најпрво со минимални одбитоци  од 1%, а последниве неколку денови со 3% за присуство на песок.

„Сојузот на тутунски здруженија нема да се откаже од преговорите за повисоки цени. Откупните компании сеуште тактизираат со стартот на откупот. Оваа недела од 27 ноември со преземање на реколтата започнува Италмакс со пунктови во прилепско. Според известувањата кои ги добивме од останатите компании од понеделник 1 ви декември, а најдоцна вторник, стартуваат со откуп и останатите 7 регистрирани откупувачи,“ информираше Кире Ристески, претседатал на Сојузот на тутунски здруженија. 

Во врска со динамиката на тутунскиот откуп денеска во Министерството за земјоделство се одржал состанок со откупувачите на кој присуствуваа и претставниците од Сојузот од каде потврдија дека никој од откупувачите сеуште официјално не прави корекција на цените за повисоки цени. Во секој случај тактизирањето продолжува. Вистинската слика за потребите од  ориентален ароматичен тутун  ќе се прикаже со вклучувањето на пазарот на сите откупни компании. Понудата е високо квалитетен производ баран на светските пазари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...