Лишен од слобода дрвокрадец од долненско

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Крадел дрва и бил приведен од полицијата. Настанот се случил вчера, на 24.11.2025, кога во 15:30 часот во с. Кривогаштани полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З.Н. од с. Локвени, општина Долнени.

При преглед на патничко возило „фиат” со крушевски регистарски ознаки кај него биле пронајдени огревни дрва без жиг. Дрвата се предадени на шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски судии ќе судат натпревар од младинската лига на шампиони

Ново признание за македонските судии од УЕФА.Дуелот помеѓу ФЦБ и Пушкаш ќќе го судат прилепските судии, Влатко Илиоски како главен , Иле Мишески како негов асистент , тука е и Мартин Дејаноски од Кичево , а четврт судија на овој меч ќе биде романецот Влад Бабан. Натпревар започнува утре со...

Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

За два дена, од четврток започнува со откуп Италмакс, покрај Тутунски Комбинат и Кавекс Балкан, а од почетокот на наредната недела, од први декември во откупната кампања се вклучуваат и останатите 7 откупувачи.  Првата седмица од предвремениот тутунски откуп помина како и што се очекуваше: тутунот се откупува само во...

Продолжен притворот на шестте лица за злоупотреби во прилепската болница

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шестте лица во случајот со злоупотребите во прилепската болница, потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска. -Притворот е продолжен на 6-те лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но...