Кај прилепчанец и малокоњарец пронајдена марихуана

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полицијата кај еден 19 годишен прилепчанец и кај еден жител на возраст од 31 година од с.Мало Коњари, пронашла марихуана .

Имено, вчера, на 24.11.2025, во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ,на ул.„Прилепски Бранители” го лишиле од слобода Р.Е.(19) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Попладнето ,пак, истиот ден на 24.11.2025 во 14:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Иво Лола Рибар” во Прилеп го лишиле од слобода Б.Н.(31) од с. Мало Коњари, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на двата  настани ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...