Прилепските гимназијалци Wall Street Minds влегоа во ТОП 20 бизнис идеи и се чекор побиску до наградата од милион денари во натпреварот „Средношколец Милионер“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во дваесетте најдобри средношколски тимови, кои продолжуваат во финалето на натпреварот „Средношколец Милионер“ прилепскот тим WallStreet Minds со „AI StockBroker“ се најде на втората позиција по ранг лисата на гласање. Тој е еден од три прилепски тимови кои се дел од најголемиот натпревар за средношколци досега во Македонија, „Средношколец милионер“ во кој учествуваат најкреативните и најамбициозните млади бизнис-иноватори од целата држава,со свои бизнис идеји

Во изборот за најиновативната  бизинис идеја, учествуваа и се најдоа, во 53 те успешни идеи, тимот  „ReLife 3D“ чии лидер е Елена Роческа„ и  бизнис апликацијата  „Local Lands“ на СОУ Ристе Ристески -Ричко,  чии  лидер е Иринеј Трајкоск, под називот „Прилепчаничиња“, кои  најдоа на  21то  место според ранг листа на гласови . 

Ова само говри дека Прилеп има вистински успешни млади креативци со визионерски бизнис идеи, создадени од средношколци кои размислуваат како вистински претприемачии . Дека  трите прилепските тимови имаа одлични  бизнис – идеји говори тоа што , по големиот број пристигнати апликации и над 34.000 гласови што ги собраа 53-те тимови во втората фаза од натпреварот, овие прилепски идеи  се најдоа меѓу најистакнатите. и

Wall Street Minds со AI StockBroker влегоа во  ТОП 20 и чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Тоа се средношколци од СОУ Гимназија „Мирче Ацев” – Прилеп, составен од шест талентирани ученици: Глигор Иваноски (лидер), Леона Фукароска, Давид Гулески, Марин Христоски, Никола Здравески и Дамјан Лазески. Тие се натпреваруваат со – AI платформа која функционира како паметен брокер. Платформата автоматски анализира берзите, криптовалутите и цените на недвижнините, создава персонализирани стратегии за инвестирање и препознава најдобри моменти за купување или продавање. Оваа иновација има за цел да го олесни инвестирањето и да ја направи финансиската технологија достапна за секој граѓанин, дури и за оние без претходно знаење.

Средношколците учесници за да ги промовираат своите идеи ангажираа инфлуенсери, самите снимаа промотивни видеа, осмислуваа креативни кампањи и контактираа медиуми. Тоа е нивниот прв реален тест: како нивниот производ или услуга ќе биде прифатен на „пазарот“. И првата лекција што ја научија е токму оваа – идејата вреди онолку колку што успеваш да ја пренесеш до луѓето и да добиеш вистински фидбек, соопштија од Бреинстер медија тим,организатори на овој насан.

Сега секој тим кој е избран влегува во ново поглавје – подготовка за полуфиналниот pitch. Во оваа фаза, полуфиналистите ќе имаат само 90 секунди да ја раскажат својата идеја на најефективен можен начин, директно пред Петар Ниновски, основачот на Бреинстер групацијата, компанија која стои зад Brainster Next College, NU High School Academy и Ai@Work .

– Победниците од полуфиналето ќе презентираат пред пет инвеститори во големото финале. Тие ќе ја слушаат нивната идеја онака како што слушаат реални стартапи – критички, внимателно и со јасна цел: да откријат дали им е презентирана бизнис идеја во кој би поверувале и би инвестирале,  велат организаторите.

Од 24 ноември започнуваат и менторските сесии – серија од четири онлајн предавања со врвни експерти од Бреинстер групацијата. Овие сесии, појаснуваатм ќе им помогнат на полуфиналистите да го дефинираат својот бренд, да разберат како се гради идеја што има потенцијал за раст, да научат како се креира комуникација што продава и да се подготват за кратко, силно и уверливо излагање пред жирито и публиката.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Прилеп падна таван од куќа поради обилниoт дожд

Според информациите од ЦУК, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на води, поплави и отежнато движење во сообраќајот. Особено во прилепско загрижуват излезите од Прилеп кон Крушево и од Прилеп кон Битола. Кај т.н „Бегова ливада„ поради неисчистени одводни канали, патот во должина од два/три километри сеуште е под вода. ...

Сезонски затворен патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од вечера, 21.11.2025, е затворен за сообраќај за сите видови возила. Забранат за движење по т.н „стар пат“ за Охрид ќе биде затворен или вон употреба до 31.03.2026 година, о соопшти ЈП „Македонија пат“. Ова значи дека живописната делница преку Галичица,...

При контрола во сообраќајот – еден возел пијан, а други фатени со дрога кај Могилата

Пијаниот возач го сопрела полицијата по рутинска контрола во сообраќајот. Тој возел со 2,79 промили алкохол во крвта. А, пред полноќ кај лица од с.Мало Коњари полицијата во возилото пронашла прашкаста материја. На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул. „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле...