Моето омиелно јадење кога бев дете-бабите ги учеа децата за прилепската традиционална кујна!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

      Тури-потпечи, сутлијаш, зелник, ванилици, сучена кора, девет табани беа дел од специјалитетие  со кои учениците од 5-а од ООУ „Кочо Рацин“ ги пречекаа учениците од 4-1 од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

Имено, по повод 20 ноември, Меѓународнот ден на детето,  учениците од четврто еден од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ со нивната наставничка Розита Кареска,  беа во посета на учениците од 5-а и нивната наставничка Наташа Мирческа во ООУ „Кочо Рацин“.

Домаќините го реализраа својот час по изборниот предмет Готвење, но бидејќи се уште се малечки и не умеат да ги зготват сите традиционални специјалитети, тие напомош ги викнаа нивните вредни златни бабички кои со  радост приготвуваа за нивните внучиња и за гостите од другото училиште.

Оваа необична и многу иновативна активност е идеја на наставничката Розита Кареска, која размислувајќи на кој начин да го одбележи овој ден, дошла до решение кое е навистина необично, акцја во која децата уживаа и научија многу за традиционалните рецепти, за вкусовите кои веќе се забораваат, а преку раскажувањето на бабите научија какво било нивното детство во минатото.

Бабите со радост раскажуваа за нивните омилени јадења кога тие биле деца, но им ги пренесоа  и рецептите од специјалитетите кои ги имаа подготвено.

Домаќините беа навистина широкогради во однос на пречекот, но и гостите не останаа покусо, па на превкусната храна, возвратија со пораки за детството, честитки и стихови кои ги претставија пред нивните поголеми другарчиња, пред нивните баби, пред наставничките и пред директорката на ООУ „Кочо Рацин“.

Ова е еден од начините за добра наставна пракса, која заслужува внимание, а е во интерес на поттикнувањето на љубопитност кај децата, иновативен метод на искствено учење што ги следи современите барања за интерактивна настава. Па, нека биде пример и за другите наставници!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...