(ВИДЕО)Набавена современа опрема за домот за стари лица Киро Крстески – Платник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Одбележувањето на неделата на грижа кон постарите лица потсетува дека хуманоста , вниманието и почитаа кон постарите  генерации се темелот на едно здраво општество.Во прилепскиот старски дом Киро Крстески – Платник се стремат да создадат  средина во која секој штитеник заслужува место каде ќе се чуствува безбедно , вреднувано и почитувано.Покрај ова тие ја искористија субвенцијата од локалната самоуправа на општина Прилеп  во вредност од 3 100 000 денари и набавија современа опрема со која ќе се подобри нивното работење од различни аспекти , од техничка подршка до функционирањето на сервисите кои ги добиваат штитениците. Набавени се современи индустриски машини : перална , сушара, мапина за чистење , машина за миење садови , саламорезница како и минитрактор косилица.

Покрај оваа новина во домот за стари лица Киро Крстески – Платник, компанијата Кромберт и Шуберт – Битола  донираше опрема за кујна , од ситен инвентар до  индустриски машини.Исто така во завршна фаза е системот за противпожарна заштита проект од 2 000 000 денари , средства обезбедени од буџетот на домот.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...