(ВИДЕО) Во тек се активностите за чистење на речното корито на градската река – кај населбите Чачорица и Бончејца

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се чисти речното корито на градската река во долниот дел од градот  кај населбите Чачорица и Бончејца.Согласно временските услови овие активности траат веќе една недела,иако претходно еден период беа во прекин, заради неможноста да се вадат дел од насипите во градското корито , рече градоначалникот Проданоски , кој денеска имаше и увид на работењето на овој потег од речното корито на градската река.

„Денеска сме тука на лице место , од информациите што ги добив  дека повеќе од триста кубни метри се извадени од речното корито , продолжуваме понатаму како што и неофицијално најавивме да го исчистиме големото корито до железничкиот мост , овде на кејската улица.Понтаму продолжуваме во втора фаза, кон мостот на улицата Трајко Николоски  за да се заврши овој потег и да се симне нивото на големото корито во овој дел од градот,Пред извесни години поради недостаток на кејски ѕидови имавме и излевање на реката , денеска за разлика од цела Македонија,состојвата со градската река е стабилна, нема можност за излевање, и тоа е добар момент за нашата општина” , истакна градоначалникот на Прилеп , Дејан Проданоски. 

Првиот човек на Прилеп , при оваа прилика , уште еднаш упати апел до сите граѓани на општина Прилеп , да не го фрлаат отпадот во градската река , зошто  тоа прави големи штети и дека во градот има доволно локации и контејнери каде треба да се фрла отпадот.

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Набавена современа опрема за домот за стари лица Киро Крстески – Платник

Одбележувањето на неделата на грижа кон постарите лица потсетува дека хуманоста , вниманието и почитаа кон постарите  генерации се темелот на едно здраво општество.Во прилепскиот старски дом Киро Крстески – Платник се стремат да создадат  средина во која секој штитеник заслужува место каде ќе се чуствува безбедно , вреднувано и...

⛈️Дожд и викендов, в недела снег 🌨️

Времето денес (21.11.2025 год.): Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен...

(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Спортски Прилеп во очекување како и дали ќе се решат отворените проблеми со двете спортски сали Македонија и Универзална, и дали Спортскиот комплекс Маркови Кули ќе продолжи да функционира како и досега. Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на преговори со новиот концесионер за салата Македонија и со заинтересираниот концесионер...