(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Спортски Прилеп во очекување како и дали ќе се решат отворените проблеми со двете спортски сали Македонија и Универзална, и дали Спортскиот комплекс Маркови Кули ќе продолжи да функционира како и досега. Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на преговори со новиот концесионер за салата Македонија и со заинтересираниот концесионер за Универзална сала.

– Почната е веќе постапка за раскинување на договорот со концесионерот од спортската сала Македонија, договорот ќе биде раскинат ќе биде преземена од Министерството за спорт, ќе биде реконструирана. Разговарано е со една локална компанија која што е заинтересирана да ја стопанисува, да вложи дел во таа сала и да биде предадена да се користи со заштита на јавниот интерес. Условот ќе биде салата до 13 или 14 часот да биде на располагање на сите кои сакаат да рекреираат бесплатно, за училиштата, за децата, а потоа по 15 часот да биде ставена на користење на концесионерот. Прашање е на месеци, можеби во почетокот на наредната година ова прашање би било решено,“ рече министерот Борко Ристовски.

Универзална сала која што е под надлежност на ПУИК се покажало дека се потребни поголеми зафати од првичните проценки за нејзина санација и пуштање во употреба, бидејќи како што рече Ристовски при денешната посета на Прилеп објектот има проблеми со статиката. Министерството за спорт е во улога на медијатор со компанијата Комфи Ангел за стопанисување со истата.

– Денеска сум на преговори со прилепската компанија која што е заинтересирана да ја реконстриура и да стопанисува и да плати дел од средствата кон ПУИК. Ја прифаќам одговорноста во интерес на спортот и на Прилеп да ги седнам на состанок сите заинтересирани страни и да најдеме заеднички јазик. Дојдено е времето двете работи ги туркаме паралелно и што е можно побрзо градот да добие спортски сали, рече Ристовски.

Во однос на Спортскиот комплекс Маркови кули министерот посочи дека Министерството за спорт не било задоволно од тоа како актуелниот концесионер стопанисува:

– Има актуелен концесионер – правно лице кое што ја има концесијата. Меѓутоа, искрено да кажам ние како Министерство за спорт, и јас не сум задоволен како се стопанисува во тој дел и апсолутно е против интересите на спортот и интересите на градот и јавниот интерес. Во најбрз можен рок, не можам да давам рокови, меѓутоа мислам дека треба да ги завршиме овие две спортски сали, а потоа да почнеме со раскинување на договорот и на таа концесија.

Нема рокови за постапување на трите спортски објекти во што се вклучени неколку агенции и министерства. Општина Прилеп останува посветена за што поскоро постапно решавање со цел да се стави на располагање барем една од двете спортски сали и да се врати општината на спортските патеки. Воедно, се работи брендот на Прилеп – ФК Победа да ги надмине финансиските дубиози и да застане на здрави нозе, рече градоначалникот Проданоски.

– Стоиме на располагање како медијатори да ги седнеме на заедничка маса сите заинтересирани страни во име на развој на спортот за добро развиена и функционална инфраструктура со оние средства кои што ги имаме. Веќе разговаравме и во рамките на јавната расправа за Буџетот на општината за 2026 та година мораме да внимаваме и на висината на средствата кои што стимулираат дополнителен развој на спортот. Понатаму останува решавањето на проблемот со ФК Победа, останатите клубови се во некоја постабилна состојба. ФК Победа има сериозни финансиски проблеми. Ја користам приликата со сите релевантни фактори да изнајдеме решение за овој бренд на градот да се врати на вистинските патеки. Генералната заложба е добра спортска инфраструктура и организирани финансиски солвентни клубови кои што се ослободени од сите нечесни работи кои што се случуваат во спортот и развој на младиот човек во спортскиот дух. Прилеп бил од секогаш расадник на таленти и спортски работници, така и треба да продолжи, рече Проданоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...