Пуштени во употреба 2 реконструирани мултифункционални спортски игралишта во населбата Точила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во паркот на населбата Точила денеска во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски беа пуштени во употреба двете рекоструирани и збогатени спортско – рекреативни игралишта како дел од 30 тината слични спортски терени во Македонија предвидени за реконструкција на ресорното министерство.

– Преку санација и реконструкција на вакви игралишта обезбедуваме масовност за спорт и рекреација на младите и возрасните. Ова е многу важен сегмент за социјализација на младите, што повеќе да ги отргнеме од сите оние модерни предизвици на денешницата и да ги донесеме да спортуваат и да рекреираат и да се дружат. Благодарам на Градоначалникот за соработката и поддршката без што не ќе можевме да го изведеме проектот за така брз рок и би посакал што повеќе млади луѓе го користат, да се дружат и заедно да можеме преку социјализација да градиме здраво општество, рече министерот Ристовски.

Општина Прилеп продолжува со напорите за санација на постоечката спортско-рекреативна инфраструктура. Но потребно е и граѓаните да дадат свој придонес преку грижата за вакви и слични објекти:

– Апелирам до сите жители на оваа населба и до сите корисници да внимаваме и да ги чуваме овие добра кои со средства од Министерството се инвестирани овде. Треба да се одржува и чува, ако ние сами не го одржуваме за брзо време би станало повторно руина овој простор.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Спортски Прилеп во очекување како и дали ќе се решат отворените проблеми со двете спортски сали Македонија и Универзална, и дали Спортскиот комплекс Маркови Кули ќе продолжи да функционира како и досега. Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на преговори со новиот концесионер за салата Македонија и со заинтересираниот концесионер...

(ВИДЕО)Општина Прилеп највисоко рангирана за гранд средства од УНДП- проекти за здрава средина

По фабриката за селекција на отпад чија што изградба е во завршна фаза Општина Прилеп ќе добие и постројка за производство на компост и рециклиран градежен шут за компостирање и дробилка за градежен шут во близина на депонијата Алинци. Првиот чекор е направен – обезбедени се средства од 50 илјади...

(ВИДЕО)Креираме препознатлив медиумски простор-#РАДИОШТОСЕГЛЕДА

Во време кога дигитализацијата ја достигнува кулминацијата , Радио Пела во чекор со сите аудио и видео промени , надоградби и адаптирања за креирање на свој , посебен, препознатлив медиумски простор.Како и многупати досега во своето работење , заедно со нашите коминтенти успеваме да го збогатиме просторот со кој нашите...