(ВИДЕО)Општина Прилеп највисоко рангирана за гранд средства од УНДП- проекти за здрава средина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По фабриката за селекција на отпад чија што изградба е во завршна фаза Општина Прилеп ќе добие и постројка за производство на компост и рециклиран градежен шут за компостирање и дробилка за градежен шут во близина на депонијата Алинци. Првиот чекор е направен – обезбедени се средства од 50 илјади долари од УНДП за изработка на техничката документација. Општината од 30 пријавени била највисоко рангирана за добивање на гранд средства од УНДП за подобра животна средина.

“Општина Прилеп e прворангиранa меѓу четирите општини добитници, по спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за изработка на инфраструктурни проекти од областа на животната средина, како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација,“ посочи Борче Јанкулоски од ЛС Прилеп .

Наменските средства ќе се користат за изработка на техничка документација (урбанистички проект и основни проекти) за: компостара (инсталација за преработка на биоразградлив отпад), која ќе вклучува сепаратор, плац за финален компост, био ротор и технолошка опрема; и плац за градежен шут (инсталација за преработка на инертен отпад), која ќе вклучува лагер и излезен плац, како и дробилка за градежен шут.

Целта на проектот е да се подобри управувањето со биоразградливиот и цврстиот комунален отпад и да се намали загадувањето на животната средина преку: намалување на депонирањето на околу 48-55% од вкупниот комунален отпад кој е биоразградлив, претворање на органскиот отпад во висококвалитетен компост за земјоделство, преработка на градежниот шут во гранулат (суровина за градежништво), и усогласување со законската регулатива, Директивата на ЕУ за депонии и придонес кон целите за одржлив развој на ООН.

Ова е чекор напред кон подобра животна средина, воведување на циркуларна економија, подобрени услуги и одржлива иднина за сите прилепчани. Проектот (ФТД) е воспоставен со поддршка на проектот на УНДП „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од страна на Шведска и Бирото за регионален развој.

Инаку во завршна фаза е фабриката за селекција на отпад за која Општината доби гранд од Владата од 90 милиони денари во 2023 та година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...