Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дронот, кој ќе прави извиди над шумите и околината на Прилеп, има за цел да делува превентивно во спречување на пожарите на отворено и во спречување на дрвократството. Целта да се олеснат извидите на лице место кога има шумски пожари и дива сеча, но и за пожарите во градот.

„Сведоци сме во изминатите години на голем број шумски пожари. Добар дел од шумскиот фонд настрада, сметаме дека со едно вакво техничко средство ќе се олесни организирањето на гаснењето на пожарите. Тоа е првата работа, а второ ние како клуб ќе обезбедиме обука на лица од ТППЕ – Прилеп, за користење на дронот- рече Орде Горѓиоски, претседател на Ротари клубот – Прилеп

Дронот, велат од Ротари клуб Прилеп, би го користела и шумската полиција за следење на дрвокрадци, што ќе значи поефикасно делување на терен и побрзо идентификување на лицата кои вршат неконтролирана дива сеча и ги пустошат шумата.

На годишно ниво, неколку години наназад, во Општина Прилеп се регистрирани близу 700 пожари, што е огромна бројка,“ Пожарникарите се најголемиот недостаток, со оглед на тоа што оваа единица ги покрива и соседните општини за време на пожар‘ вели Виктор Стојчески, командир на ТППЕ –Прилеп.

„Дронот ќе има најголема примена во пожарите на отворено како превентивна насока, така и во моменти на делување на пожарот, од гледна точка на следење на пожарот. Покрај човечкиот потенцијал, нам ни недостига и современа опрема за гаснење на пожар, па донирањето опрема, е секогаш добредојдена во нашата работа.“ вели командирот на ТППЕ-Прилеп, кој се заблагодари на донацијата на Ротари клуб Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски се заблагодари за донацијата и најави помош за доекипирање на ТППЕ-Прилеп,вклучиелно и набавка на уште едно теренско возило.

„Добивме како општина современ уред за извидување на пожари и во оваа прилика се заблагодарувам на Ротари клуб – Прилеп за нивната грижа и мисија за заштита на „белите дробови“ во и околу градот. Број на пожари во Општина Прилеп се фрапантни. Во текот на годината ТППЕ-Прилеп гасни по два пожари дневно, што е голема бројка. Дополнително, нивните дејности ги извршуваа и во соседните општини, каде што немаат организирани територијални противпожарни единици. Затоа, како општина во рамките на поефикасното работење на ТППЕ-Прилеп, Министерството за одбрането оваа година, ни додели значителна сума, Буџетот за ТППЕ – Прилеп со што ќе имаме подобрување на професионалното доекипирање на противпожарната единица. Според законската регулатива потребно е на 1500 жители да имаме по еден пожарникар. Со буџетот со кој располагавме досега беше исклучително тешко, и, таа сума за ангажирање на пожарникари се дополнуваше со средство од основниот буџет. А, во насока на техничката опременост, како локална самоуправа, го отворивме и тоа како прашање, за набавка и донирање на едно товарно противпожарно возило.“ рече Проданоски

Градоначалникот на Прилеп при оваа прилика апелираше до граѓаните во овој период да внимаваат на грејните тела, на земјоделците да не ги палат стрништата и посочи дека во иднина локалната самоуправа заедно со ТППЕ – Прилеп ќе прави едукативни работилници за сите граѓани кои ќе бидат наменети за спречување на ризици од пожар. Тој побара побара поддршка на сите кои работата на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, да се вклучат со свои донации за поефикасно справување со појавата на пожари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

По повод Светскиот ден на детето на 20 ноември 2025, четврток, од 11.00 и од 12.00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата...

Трипуновски: Очекувам поуспешна откупна тутунска сезона од ланската

Откупот на тутунот започнува утре, вторник, 18 ти ноември. Сите процедури на 10 те откупни компании за верификација на мострите и обезбедување на потребните гаранции за исплата на откупените количини се испочитувани. Останува на компаниите сами да одлучат кога ќе ги отворат вратите за прибирање на актуелната реколта. Со сигурност...