IN MEMORIAM: Почина Чучурот мајсторот кој се грижеше да отчукува Градскиот саат во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 74 годишна возраст, почина, Димитар Чуроски, мајсторот часовничар, кој од 2013 се грижеше, Градскиот саатот во срцето на прилепската чаршија, да чука и да го одбројува времето кое минува. Чучурот го напушти овој свет, во годината кога се одбележуваат 200 години изградбата на Градскиот саат 

Диме Чучуро, како што го знаат прилепчани, во раните зори ќе ги искачше 105-те скали на саат кулата во Прилеп за да ги намести сказалките на часовникот . Го навиваше механизмот на часовникот,  за тој да го означува точното време за прилепчани и за сите гости намерници што доаѓаат во градот и кои уште од Плетвар го гледаат симболот на градот.

Пред него, на неколкумина инжинери од градот не им успеаа да го направат тоа,па саатот до 2013 беше „нем„ споменик.

Но, за часовничар со долгогодишно искуство и од самејство со повеќе генерации часовничари, нему тоа не било тешко. Кога се искачил и откако внимателно го разгледал механизмот, знаел што треба да направи. Наместо да бара делови за часовникот во Виена или Грац, од каде што се претпоставува дека е донесен механизмот на граскиот саат, (кој отчукува два пати пред да го каже тоното време), тој со неколкумина занаетчии, дреари од Прилеп, ги направил деловите за кои бил сигурен дека треба да се заменат.

И навистина, со монтирањето на новите делови, срцето на часовникот во саат кулата во Прилеп, повторно почнало да чука. Од тогаш наваму, секој ден се огласуваат звучните тонови што го означуваат точното време секој час.

Но, денеска престана да чука неговот срце. Останува главоболката кој сега ќе се грижи за работата на Градскиот саат.

Почивај во мир, мајсторе!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...