Од 1.172 песни, песната на Лина беше во петте најдобри – талентот и љубовта кон пишаниот збор повторно блеснаа во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дека Прилеп има одлични млади талентирни кои поети говорат и наградата што учениците ги добиваат на различни натпреварувања, домашни и меѓународни. А, оваа се се чини е посебна.

Во конкуренција од 1.172 литературни творби, на меѓународниот натпревар,  Детски Рацинови средби во Велес, Лина Огненоска од 9в одделение од ООУ „Кочо Рацин – Прилеп“,  со поетската творба на тема ,,Кога денот од стих се раѓа” беше одбрана во петте најдобри литературни творби.

Лина Огненоска и нејзиниот и нејзиниот ментор, наставничката Моника Трајкоска се закитена со награда – пофалница и со охрабрување дека треба да се продолжи со љубовта кон пишаниот збор.

Творбата на Лина плени со длабочина, емоција и зрелост, кои ретко се среќаваат кај млади автори. Преку метафори и силни слики, таа успеа да го долови моментот кога инспирацијата се претвора во збор.“ вели нејзиниот ментор, наставничката Моника Трајкоска.

Наставниците од училиштето со гордост ја истакнуваат Лина како пример за посветеност, креативност и љубов кон литературата. „ Талентот и љубовта кон пишаниот збор е својствен за Лина“, велат тие.

А, признанието не е само личен успех на Лина, туку и потврда за квалитетната работа на наставниот кадар и поддршката што училиштето им ја дава на младите таленти

„Рацин се сака со зборови, но уште повеќе со дела. А кога делата зборуваат, тие се погласни и од сите зборови. Ова воедно е и поттик за сите ученици да веруваат во себе и да го следат својот глас кон успехот.“ велат од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

И на својата ФБ страна напишаа:
Прекрасно патување на креативност, соништа и уметност.
Рацин е жив!
Рацин сме ние!
Рацин е кратенка за сите нас!
Сите сме дел од песна која никогаш нема да замолчи!
…… И додека последниот збор не згасне, додека последниот работник не замолчи, поезијата ќе живее, Рацин ќе живее, а со нив и народот!“ 

Со вакви успеси, Прилеп продолжува да биде град на културата, каде новите генерации го носат факелот на уметноста и го осветлуваат патот кон иднината.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...