Технички преглед АВТО КОНТРОЛ – Превентивна акција за зимска опрема на Плетвар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска,15 ноември, започнува законската обврска за задолжителна зимска опрема за сите возила.
По тој повод, Авто Контрол во соработка со РСБСП и МВР  спроведува превентивна активност со цел зголемување на свесноста за безбедно учество во сообраќајот:

Активноста се одвива на Плетвар, каде припадниците на МВР вршат контролно запирање на возила, а нашиот тим од Авто Контрол ќе изврши бесплатно мерење на минималната длабочина на шарата на гумите. Зошто ја организираме оваа акција? Да потсетиме дека зимската опрема е клучна за безбедно возење во зимски услови Да помогнеме возачите навреме да ја проверат исправноста на гумите Да ја зајакнеме културата на превенција, а не казнување Да придонесеме кон побезбедни патишта за сите учесници во сообраќајот

„Проверка која трае само неколку минути може да направи огромна разлика во вашата безбедност,“ додаваат од Авто Контрол  бидејќи само заедно можеме да се грижиме за побезбедни патишта.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...