(Видео) Младите заминаа со насмевки, а дрворедите со нов сјај – Прилеп чисти!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамките на еко акцијата во организација на Општина Прилеп, насловена „Еко мисија, твојот потпис за природата“ активно се вклучија, младите, учениците од средните училишта,  најмладите од детските градинки заедно со нивните воспитувачи и родители во бојадисувањето на стеблата на дрворедите и дрвајата во парковските површини во градот.

Додека возрасните ја чистеа прилепската околина, излетничките места и велзовите од градот, младите во Прилеп создадоа нов узглед во градската средина.

Целта на акцијата беше да се освежат и заштитат дрвјата долж главните улици, но и да се подигне свеста кај младите за значењето на урбаното зеленило. Волонтерите од сите возрасти, со четки и еко-бои ги бојадисуваа стеблата на дрвјата, како постапка за спречување и појава на штетници, што најчесто го прават вработените на ЈКП Комуналец. Но,тие забавно, (некој од нив прв пат дознаа за оваа постапка за заштита на дрвата), заедно,  создадао пријатна есенска слика  во градот.

 „

Ова не е само естетска интервенција, туку и еколошка грижа. Дрвјата се белите дробови на градот, а со оваа акција покажуваме дека секој може да придонесе за поздрава животна средина,“ изјави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски

Со ова Прилеп уште еднаш покажа дека заедничкиот ангажман на младите и возрасние носи позитивни промени. Младите  од оваа еко акција заминаа со насмевки, а дрворедите – со нов сјај.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...