“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат конкретни решенија, истакнаа од Општина Прилеп.

Граѓаните во директнта средба со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на првиот организиран приемен ден со градоначалникот, дискутираа најчесто за урбанизам, легализација, инфраструктура, јавна хигиена и проблеми од секојдневието.

Дека средбите се реални и успешни и дека се врајќа надеж за соработка со локалната влст, говори и статусот објавен на Јасмина Христоска од Здружението  “Мојот редок свет” застапник на лицата и семејства со ретки болести и попреченоати, нивните семејства, лицата кои се борат со канцер, жртвите на семејно насилатво, која беше на првиот приемен ден со граноначлникот овој четврток.  Таа на својата ФБ страна напиша: “Средби со граѓаните функционира!“ … „Станав, со болки, се спремив и поради огромниот мотив за борба за лицата на кои им сме застапници, за ранливите, стасав на договорена средба. Средба со градоначалникот и пет – шест други лица, најверојатно советници.

Чекам, чекаат и други. …Конечно мој ред за средба. Кажав што ни треба за здружението. Кажав дека градоначалникот е мост меѓу народот и власта, а мојата жалба до Комисија за инвалидска пензија поднесена на 1.7.2025 година ,сеуште нема никаков одговор…..Средбата заврши, ќе видиме што ќе биде.„, напишаа таа и додаде дека има надеж за соработка.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски по овие средби истакна дека ова претставува еден почеток на нова, поотворена и потранспарентна пракса во функционирањето на Општината, која ќе продолжи и понатаму со исто темпо. Според него, секој глас и секоја иницијатива од граѓаните се значајни за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп и за развој на локалната заедница,затоа отворениот ден во четврток ќе биде секогаш дел од неговата заложба да го чуе мислењето на прилепчани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...