Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата на Европската Комисија од пред неколку месеци.
„Овој систем сеуште не е неопходен услов за извоз во Европска Унија, но ние сакаме да бидеме подготвени кога ќе дојде тој ЕСГ стандард неопходен, сега е сеуште волонтерски, на доброволна основа од компаниите. Ќе биде неопходен за неколку години да мора да го имаме овој систем на мерливост за грижа кон животната средина, кон вработените и кон локалната заедница. Ние сме прва компанија од прехранбената индустрија, пред нас се две странски банки, големи компании од металната индустрија, Алкалоид од фармацевската индустрија и Тиквеш, но ние сме први кои почнуваме со аптејтираниот стандард ВСМ кој е практично од 1 ви јули 2025 та година во Европска Унија кој е унапреден стандард,“ рече Сашо Наумоски, генерален менаџер на ПИ Витаминка Прилеп.
Со тоа Витаминка сака да ја покаже својата заложба за грижа околу животната средина, околу општествено одговорноста која ја сноси кон локалната заедница и околу грижата за своите вработени.
„Сакаме овој систем да го отпочнеме со работа и да да имаме мерливост на сите работи кои ги работиме секојдневно. Не дека Витаминка до сега не инвестирала во грижа околу животната средина, не дека не инвестирала во своите вработени, не дека не сме општествено одговорна компанија сакаме да востпоставиме систем со кој што ќе имаме мерливост со секоја година, секој квартал, секој месец сакаме да докажеме дека сме се’ подобри и подобри во однос на тие инвестиции,“ истакна Наумоски.
Витаминка е прва компанија во Македонија која спроведува доброволно една рамка на известување која што е одобрена од Европска Комисија. Се работи за рамката VSME, односно доброволно известување за малите и средни претпријатија. Витаминка по сите стандарди на рамката ќе известува поактивно кон своите инвеститори, кон јавноста, кон добавувачите, кон сите свои соработници.
„Одговорноста на компанијата се зголемува, нејзините обврски се зголемуваат, но и утре барањата на компанијата од своите стејкхолдери исто така да бидат општествено, зелено одговорни, одговорни за животната средина ќе порасне и со тоа се надеваме дека Витаминка ќе изгради потполна одговорност за европските пазари. Витаминка во иднина ќе споделува со општината што прави, што планира да направи, не само да споделува, ќе бара и повратна информација што е она што е потребно, ако има нешто што загрижува и тоа ќе се оценува и ќе се работи потоа по сите три пилари: животна средина и загадување, луѓе, работници, вработени, заедница и управување. Односно, проекти на ниво на општина, што е она што треба да се подобри, каде може да помогне Витаминка во иднина и сето тоа ќе го прави во спрега, дирекно и со општината, рече Катерина Костовска, консултант за одржливост социјална средина и владеење.
Првиот извештај што треба да произлезе од овој нов систем е април наредната година, а во неговата подготовка ќе бидат вклучени сите засегнати страни.









