„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот кај манастирот св. Петка  во Лениште.

– Иницијативата има за цел да го надомести влијанието на медицинскиот отпад што лицата со дијабетес секојдневно го создаваат, но и да придонесе за обновување на дел од уништените шумски површини во прилепскиот регион – велат од Сина Револуција.

Идејата за проектот произлегува од потребата да се одговори и на здравствените, и на еколошките предизвици. По успешната реализација на двете претходни акции, каде што беа засадени стотици дрвја, годинешната акција продолжува со уште појасно дефинирани цели: зголемување на шумските површини, подобрување на квалитетот на воздухот, зајакнување на биодиверзитетот и подигнување на еколошката свест кај населението.

Освен засадувањето на садници, организаторите очекуваат да се истакне  соработката меѓу различни групи на граѓани и институции, поттикнувајќи на поголема одговорност и заедништво кон животната средина.

За сите волонтери што сакаат да се вклучат во акцијата обезбеден е организиран превоз од пред ЦК  „Марко Цепенков“и  оброк за време на активностите.Поаѓање е во 09:30 часот

 Во акцијата се поканети да земат активно учество сите компании, јавниte институции, здруженијата и граѓаните преку донирање садници, логистичка или финансиска поддршка, или со лично учество во волонтерските активности.

Секоја засадена садница е чекор кон поздрава иднина! И најмалите чекори можат да создадат долготрајни, позитивни промени! Грижата за природата е грижа за нас самите!, мотивираат и потсетуваат  организаторите

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка: На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57),...

Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска...