Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои се потребни за работа) на Советот на Општина Прилеп: Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој, Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисија за општествени дејности и правата на децата, Комисија за Статут и прописи, Комисија за елементарни непогоди, Комисија за месна самоуправа, Комисијата за родова еднаквост, Комисија за изработка на  Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2025-2029 година.Советниците со мнозинство на гласови ги усвоија предлог-решенијата за формирање на комисите: Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници.

Дискусија се разви поради (не) членувањето во одредени комисии. Опозицијата бараше да биде дел од т.н релевантни комисии, а Претседателката на Совет, Билјана Кржеска ја нагласи важноста на секоја комисија поединечно и процени дека не е потребна таква поделба на работните комисиите кои се значајни за функционалностa и работата на Советот.

Стана збор и за организраниот превоз на ученици каде советникот Александар Кираноски, побара одговор на прашањето “дали има организран превоз за учениците од средните училишта?“ и побара на наредната седница да се разгледа во каква финасиска кондиција е оставена општината по промена на градоначлничката функција.

Советниците на оваа сседница ја задолжија Комисија за статут и прописи за изготвување на пречистен текст на Статутот на Општина Прилеп и именуваа членови на Советот кои ќе учествуваат при склучувањето на бракови во УВМК-ПК-ПРИЛЕП.

За наредната седница,која е планиран за 14 ти петок,  советниците треба да го разгледаат Ребалансот на Буџетот и развојнте програми.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...