Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени.
По тој повод тој на својот ФБ профил напиша:

“Официјално денес започнува ново патување за жителите на Општина Долнени, каде што нашата платформа и програмата претставена во изборната кампања ќе почнат да добиваат развоен правец. Од денес, вратите на Општина Долнени се отворени за секој нејзин жител, без разлика на етничката, верската, родовата или политичката припадност. Дојде времето да заедно со мојот тим, работиме за почиста, поразвиена и помодерена Општина Долнени!“

Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

Информација од Министерството за внатрешни работи како дел од полицискиот билтен за спречување вооружен инцидент во кој што учествувале прилепчани во општина Чашка: На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57),...

Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска...