Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала.

Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, повредениот бил донесен од пријателот во болницата околу 14 часот. Му биле констатирани тешки повреди на лицето, главата, раката.

– Дежурниот лекар првично констатирал повреди на главата, значи имаше дел откинување на скалпот, имал каснатини на лицето, на носот каде дел од носот е откинат. Потоа имал угризни рани од заби на вратот и на градниот кош. Направена му е компјутерска томографија на граден кош, на вратот и на главата, ординирана е соодветна терапија и тетанична профилакса, вообичаена при напад од животно. Констатирано е дека има присуство на слободен воздух во градниот кош. И поради сериозноста на таквиот тип на повреда, пациентот е транспортиран на клиниката за торакална хирургија во Скопје, изјави д-р Иваноски.

Соред концесионерите во Долненскиот регион, досега не е забележан напад на мечка на луѓето. Тие ги гледале во околината, и со мали мечиња, но директен напад немало. Останува нејасно што ја предизвикало нереќата при вчерашната берба на печурки.

Инаку, мечката е заштитено животно со закон.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...