В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска.

Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани песни и на српси  и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од руски и од српски на македонски јазик.

Проткаена со пијано придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите на Блаже Конески. Гане Тодоровски, Анте Поповски, Оливера Андоноска, Божидар Божиноски, Далибор Ивановиќ, но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и Никола Раусављевиќ.

Спедијален гостин ќе биде актерот Милан Секулоски, а музичакта придружба е на Методија Костоски.

Настанот е во органзиација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, а поддржан од Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“.  Се работи за настан од отворен тип, а  влезот е бесплатен.

– Според Емерсон, сите луѓе се поети во срцето. А ние  ќе се потрудиме во сечие срце да ја разбудиме поезијата-велат организаторите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...