Изложба на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции во Куманово

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 06.11.2025 /четврток/ со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции. Се работи за циклус од дваесеттина слики работен во последните две години.
Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски" во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди, каде што под неговото менторство го завршува факултетот. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул„  од друштвото на ликовни уметници од Прилеп Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за Култура
„Марко Цепенков“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дулеска: Скапоцени и применливи впечатоци од посетата на Кина

Таа е професор по англиски јазик. Таа е динамична, препознатлива, отворена, секогаш позитивна и желна за отворање на нови хоризонти, нови знаења кои несебично ги применува во својата работа. Се труди да донесе свежина во својата работа, да ги направи часовите интересни и примамливи за децата. Нејзината вокација е „Образованието...

ПОРАДИ ПОЖАР, ЗАТВОРЕН АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возилата се пренасочуваат по експресниот пат

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. Делницата од автопатот А1 Велес – Градско...

Приведен 22-годишен прилепчанец – управувал возило со 1,75 промили алкохол во крвта

Утрово, (05.11.2025) во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство...