Трагичната сообраќајка во која две лица загинаа, се случила при претекнување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Две лица загубија живот, а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија синоќа од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил, додека петмина се повредени, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.

-Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата, соопштија од Обвинителството.
Извор и фото: МИА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции во Куманово

На 06.11.2025 /четврток/ со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции. Се работи за циклус од дваесеттина слики работен во последните две години. Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година....

ПОРАДИ ПОЖАР, ЗАТВОРЕН АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возилата се пренасочуваат по експресниот пат

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. Делницата од автопатот А1 Велес – Градско...

Приведен 22-годишен прилепчанец – управувал возило со 1,75 промили алкохол во крвта

Утрово, (05.11.2025) во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство...