Концерт на прилепчанките Кети Петреска – хармоника и Христина Никоска Тасеска – пијано

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во фоајето на НУЦК ‘Марко Цепенков’ – Прилеп на 5.11.2025/ среда/ со почеток во 19.00 ч. , ќе се претстави дуото на две афирмирани изведувачи – Кети Петреска – хармоника и Христина Никоска Тасеска – пијано.

 Вечерта ќе биде посветена на музичка филмска литература, со внимателно избрани камерни автори и композитори од поновите епохи – Маријанели, Хачатуријан, Галијано, Тирсен и други.

Иако двете изведувачки делуваат и како педагози и солисти, ова не е прво концертно претставување на дуото. Kако спој на класичните со вариете стиловите настапуваат неколку години.

Христина Никоска Тасеска е родена во Прилеп, а матурира и дипломира во Скопје во класите на проф. Људмила Романова и проф. Марија Ѓошевска. Во текот на своето образование, се стекнува со повеќе награди на државно и меѓународно ниво, учестува на семинари и академии со врвни педагози како Антонио Сориа-Барселона, Мирослав Красовски-Тел Авив, Лејла Пула-Косово и други. Редовно настапува како соло и како камерен изведувач, учествува на повеќе фестивали, како: ‘Есенски музички свечености’, ‘Златна Лира’, ‘Охридско лето’, ‘ДММ’ и други. Бележи настапи и како солист со  Македонската филхармонија и солист на чембало со оркестарот ‘МММ’. Исто така концертира на меѓународните сцени, како Вејфанг-Кина, Њу Јорк, Софија, Белград и повеќе места низ Србија. Од 2012 работи како професор по пијано во ООМУ ‘Ордан Михајлоски-Оцка’ – Прилеп и во својот досегашен стаж има освоено над 250 награди на државни и меѓународни натпревари.

Кети Петреска е родена во Прилеп, средно музичко образование завршува во Р. Србија, Краљево, во класата на проф. Владимир Мандиќ. Високото образование го продолжува на музичката академија во Источно Сараево, БиХ, во класата на проф. Данијела Газдиќ. Како ученик и студент, добитник е на многубројни награди на државно и меѓународно ниво каде остварува високи резултати, додека во меѓувреме редовно учествувала и на бројни концерти и фестивали во Србија и БиХ. Своето знаење го надоградува кај реномирани акордеонисти: Јури Шишкин, Радомир Томиќ, Војин Васовиќ и други.

Од 2010 год. работи како професор по хармоника во ООМУ ” Ордан Михајлоски – Оцка” – Прилеп каде што постигнува забележани резултати со своите ученици. Ангажирана е во работата на стручно жири на домашни и меѓународни натпревари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...

Отстранети хаваристаните возила и сметот од гаражниот простор на Цепенков

Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, се кој преставува гаражно место на оваа институција, конечно, почна да се расчистува од хаварисани возила, смет и ѓубре. Моментно ова е само почеток, велат надлежните, кои планираат во целост да го санираат овој простор. Со акцијата се враќа редот и...

(ФОТО)Крушевчанецот Ставре Јада настапи на ЗОИ 2026

Македонската олимписка гордост крушевчанецот Ставре Јада настапи на олимписките игри во Милано-Кортина , на патеката спринт ,во квалификациите.Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце , а неговото време беше 3:59:56.Неговото време беше 52 секунди послабо од времето на најбрзиот натпреварувач, а од вкупно...