По 5 часа синоќа без струја Прилеп дури по полноќ доби струја

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прекинот со напојување на електрична енергија кај Прилеп и околните села беше саниран во 00.49 часот. Поради дефект вчера, цел Прилеп беше во мрак 5 часа,а без струја остана и Кривогаштани.

Од ЕВН Македонија дополнително појаснија дека дефектот не бил во нивната дистрибутивна мрежа, туку на високонапонскиот преносен систем на МЕПСО, кој ја снабдува целата јужна и централна зона на земјата.

Граѓаните на Прилеп кој останаа и без конкретна информација “кога ќе има струја? кога ќе биде отстранет дефектот?““ крајно нервозни, на социјалните мрежи, ја криткуваа ваквата постапка на МЕПСО.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, синоќа излезе на терен заедно со екипите на АД МЕПСО, кои интензивно работат на отстранување на дефектот на далноводот Прилеп – Кавадарци, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Општина Прилеп.

Тој нагласи дека е бил во постојан контакт со надлежните служби и дека се следеле сите активности од лице место со цел проблемот да се реши во најкраток можен рок.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...