Ѕвезда за Коста Смилески на „Патеката на славните“ по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп се подготвува за одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на градот  од фашистичката окупација . По тој повод  Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп ги покануваат граѓаните да се приклучат на одбележувањето 81 година од ослободувањето на градот (1944–2025), кој годинава се одбележува под мотото “Минатото со гордост – Иднината со визија“, како симбол за потсетување да не се заборави минатото, а да се делува со визија за иднината на градот.

Годинава по долго време по повод  3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп на  “Патеката на славните“ ќе биде поставена нова ѕвездена плоча со името на Коста Смилески, прилепчанец еден од најдобрите флејтисти во Македонија, деец на македонската народна музика и еден од основачите на КУД “Мирче Ацев“, роден во Прилеп 1939 година – починал 1995 година во својот роден град.

Инаку, одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп е 81 годишна традиција која претставува момент за почит кон историјата и инспирација за идните генерации. По тој повод ќе биде положено свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци и ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со доделување на дипломи и признанија на институции и поединци кои оставиле белег и придонеселе со својата работа за развојот на градот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...