Денеска во посета на општина Долнени беше директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој нагласи дека Општина Долнени во иднина ја очекува инфраструктурен бум.
„Тука сме да кажеме дека општината Долнени навистина заслужува едно поголемо внимание од страна на централната власт, со оглед на тоа што патот од Ропотово, преку Секирци, Костинци до Црнилиште е во надлежност на Државни патишта, на ЈПДП и ние ќе го ставиме во планот за следниот период, следната година да почне проширувањето на овој регионален пат, кој ги поврзува овие населени места, а кои се од исклучително значење за општина Долнени, рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
„ Патот од Ропотово до населеното место Црнилиште, кој во моментот е 3.5 метра широк, во наредниот период ќе биде проширен на 5 метра широчина. Тие 12 километри поврзуваат 14 неселени места во општина Долнени, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Вељановски.
Исто така и остнатите локални патишта кои се дел од неговата изборна програма:
“Локалниот пат Ропотово – Рилево е во катастрофална состојба, земјен и ќе биде асфалтиран, исто така локалните патишта од Бело Поле – Вранче – Средорек, кои се предвидени во програмата, и најгорливото прашање кое сега во моментот е во општина Долнени, а тоа е патот од Дупјачани за Дреновци, кој исто ќе се реконструира.“рече тој









