(ВИДЕО)Прилеп: Врачени уверенијата за Градоначалник и советници на Советот на Општината

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општинската изборна комисија денеска  ги додели уверенијата за избраниот Градоначалник и 27 уверенија за советници во Советот на општина Прилеп. Свечениот чин се одржа во собраниската сала на Општината. Со тоа практично по  10 денови oд завршувањето на првиот круг на Локални избори 2025 година, Прилеп добива нов состав на Советот и нов Градоначалник.

„Согласно одлуката на Државната изборна комисија со која што изборите за Општина Прилеп се прогласени за конечни денеска се собравме да ги доделиме мандатите на 27 советници за Советот на Општина Прилеп и на Градоначалник на Општина Прилеп Дејан Проданоски. Изборите завршија успешно без некои проблеми, излезеноста беше солидна во првиот круг на избори. Посакувам успешна работа на новоизбраните советници и поголеми резултати за град Прилеп,“изјави Тони Петкоски, заменик претседал на Општинската изборна комисија.

Воедно, денеска се изврши и примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Прилеп. Со желби за успешна работа во интерес на граѓаните новиот градоначалник Дејан Проданоски ја презеде функцијата од досегашниот Борче Јовчески:

Ја користам приликата на оваа прва средба и прва прилика на градоначалникот Борче Јовчески да му честитам за работата која што ја заврши во овие четири години, да им честитам на сите градоналници кои што досега работеа во интерес на Прилеп и се надевам без лажна скромност дека резултатите кои следат во овие четири наредни години ќе бидат подобри за сите нас за сите граѓани. Очекувајте многу работа, работа во интерес на сите. Мораме да се искачиме над ситуацијата, градоначалникот е биран од сите граѓани. Благодарам за довербата на оние кои што гласаа. Благодарам за лекцијата која што ни ја одржаа граѓаните дека навистина треба да се поправа довербата што политичарите ја имаат кон граѓанството и верувам дека овој четири годишен мандат ќе направиме се’ што можеме Локалната самоуправа да работи само и само во интерес на прилепчани, рече Проданоски.

„Прилеп заслужува да зачекори по патот кон европските стандарди“, посочи меѓу другото Борче Јовчески, честитајќи им на новите советници и на неговиот наследник:

Чест и задоволство е денеска да му честитам на новиот градоначалник  г-динот Дејан Проданоски, да му посакам успешна и плодна работа во наредниот мандат, започнатите проекти успешно да ги дозаврши и во исто време да биде опсипан од нови проекти бидејќи Прилеп заслужува да зачекори по патот кон европските стандарди и со помош на Владата да имаме поле за развој така што Прилеп да биде презентиран како една од најуспешните општини. Не се сомневам во идната работа и соработка со Советот, честитки и до новите советници, и се надевам транспарентно и заедно ќе донесат многу одлуки и решенија се’ со еден заеднички интерес граѓаните на Прилеп да бидат задоволени во нивните потреби, предлози и се’ она кое што го заслужува градот Прилеп, рече Јовчески.

Новиот состав на Советот на Општина Прилеп брои 27 советници, од кои 17 се од редовите на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, 6 од Коалицијата Локални избори 2025 предводена од СДСМ, 3 советника од партија Левица и една советничка од Движењето Знам за наша Македонија. Новите советници упатија ветувања за отчетно и транспаретно работење во интерес на граѓаните и Општина Прилеп:

Билјана Кржеска:

На сите советници, членови на Советот им посакувам успешна и среќна работа. Да продолжиме да работиме како што досега работиме на своите професии и овдека чесно и во интерес на сите граѓани на Општина Прилеп.

Драгица Николоска:

Честитки до сите советници на Советот на Општина Прилеп и на новиот Градоначалник. Ветувам дека ќе работиме онака како што кажавме во кампањата: транспарентно, отчетно и секогаш во служба на граѓаните.

Жарко Стеваноски:

Со нетрпение ја очекуваме првата седница, точките на дневен ред и конечно да отпочниме со работа за добробит на нашите граѓани и нашите бирачи.

Мирјана Стеваноска:

Денес е убав ден, се собравме сите советници во новиот состав во Советот на Општина Прилеп, ги примивме уверенијата со задоволство и моја искрена желба и намера е сите советници кои што сеуште сме тука присутни да носиме одлуки кои што ќе бидат исклучиво во интерес на градот и во интерес на граѓаните на Општина Прилеп. Ќе се залагам да имаме преубава соработка без разлика на која политичка партија припаѓаат советниците. Да бидеме една конструктивна група која што ќе биде запаметена по своите добри одлуки, по своите одлични проекти кои што ги спровела во периодот додека биле советници во Советот на Општина Прилеп.

Деновиве се очекува да се одржи и првата конститутивна седница на новиот состав на Советот, пред одржувањето на свечената седница на 3 ти ноеври по повод Денот на ослободувањето на Прилеп Трети ноември.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Kандидатот за градоначалник на Долнени од ВМРО ДПМНЕ, Вељаноски најави обнова на локалните патишта

Денеска во посета на општина Долнени беше директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој нагласи дека Општина Долнени во иднина ја очекува инфраструктурен бум. Тој нагласи дека овие активности ги им и во изборната програма за општина Долнени на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Вељаноски , од кои се...

Прилепскиот театар подготвува две претстави: Ловец во р’жта и Црнила

Во театарот „Војдан Чернодрински“  во тек се пробите  за претставата  „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, а воедно, се подготвува и претставата ,,ЦРНИЛА” од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски. И двете претстави се дел од годишната програма за...

Концерт на Октет Прилеп во Цепенков

На 31.10. 2025 ( петок ), во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток од 18.30 ч. целовечерен концерт ќе одржи Октет Прилеп. Гости се: Сашо Башески, Викторија Георгиеска ,Дани Даниела. Ќе биде убава вечер со староградска музика, во која публиката ќе ужива. Резервации на влезници на тел. 078/664...