ЗРСК Шаран од М. Каменица ги информира членовите и љубителите на риболовот дека од 09.02.2026 година ќе отпочне со продажба на дозволи за рекреативен риболов.
Дозволите може да се набават во трафиката Бонви 2021 а како услов е истите да поседуваат легитимација и платена членарина во МРФ за 2026.
Цена на дозволи:
– дневна 300 денари и
– годишна 3.500 денари.
За лица од 15 до 18 години годишната дозвола ќр изнесува 1.000 денари.
За деца до 15 години не е потребно дозвола туку само легитимација и само со присуство на полнолетно лице кое има дозвола за рекреативен риболов.
Дозволата важи на езерото Калиманци, Каменичка река, Брегалница до с. Митрашинци како и сите помали притоки.
Ловењето без дозвола е забрането и истото е казниво со закон.
БИСТРО
ЗРСК Шаран – М. Каменица.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









