Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“.

Главни иницијатори за образовната новина  се Бизнис клубот на Виница и локалните угостители, по што училиштето од следната година ќе обезбеди можност за 25 ученици во една учебна година да изведуваат пракса во локалните угостителски објекти. Ова подразбира формирање на дуална паралелка, што значи: учење во училиште + пракса во компанија + исплата за остварена пракса + можност за добивање стипендија од МОН во вредност од 3500 денари.

Секој угостител кој сака – може да потпише меморандум за соработка со училиштето и да биде дел од практичната настава на учениците.

Вештините и искуствата што ќе се стекнат во оваа струка ќе отворат разновидни можности во динамичниот угостителско-туристички сектор, сметаат во Општина Виница.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична