Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.
Централните активности ќе се реализираат в среда, 8 Април. Во 9 часот, пред зградата на Општина Кочани, ќе биде подигнато ромското знаме, по што градоначалникот Владко Грозданов ќе организира прием на граѓани од ромската заедница.
На 8 Април, во 13 часот, во Паркот на Револуцијата, во организација на Здружението „Анка“ ќе се одржи културно-уметничка програма со изведба на драма, концерт со настап на музички групи од Кочани и други градови, како и забава со диџеј.
Вечерната програма продолжува во 19 часот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, каде што ЦРЗ „Светла иднина“ организира духовна академија на тема „Ромите денес и утре“.
Дводневната програма има за цел да ја промовира културната разновидност, заедништвото и унапредувањето на правата на ромската заедница.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична