Жена се фрлила од балконот од четврти кат од зграда во нас.Точила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утрово, околу 10,3о часот, според очевидци, жена на возраст на 60/70 години се фрлила од балконот од нејзиниот стан, на четврти спрат, во зграда во нас.Точила

Екипата на итната медицинска помош Прилеп, констатирале смрт на самото место, а од Основнот Јавното обинителство во Прилеп, при разговор со обинителот  Ствече Биноски, само ја потврди веста.

„Телото е дадено на обдукција и за утврдување на случајот ќе следат информации во текот на наредниот ден„,  рече Јавниот Обинител, Биноски.

Според исказите на соседите, жената често била во душевно растројство, но причините за нејзината смрт се непознати.

Основниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатата, со кои ќе се потврдат причината за нејзината смрт.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...