Задолжителен преглед на видот за идните првачиња

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот можат да го закажат преку институцијата МОЈ ТЕРМИН со помош на матичните лекари.

Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот по ОРТОПТИКА кој се наоѓа до очната амбуланта во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп почнувајќи од 17.3.2025 г.

Прегледите ќе се извршуваат ИСКЛУЧИВО во УПАТ (со термин) од матичен лекар.

Се замолуваат родителите навремено да се пријават за систематските прегледи на нивните деца, за да не се создаде недостаток на термини во месеците мај и јуни.

 

14.3.2025

Служба за заштита на видот

Општа болница-Прилеп

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Богатството од Прилеп и Мариово-МАКЕДОНСКИОТ РУБИН-станува национално минерално наследство

Рубинот од Македонија  кој што е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја и се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово и официјално ќе биде национално заштитен  од државата како уникатен полускапоцени камен. Ова денеска го соопшти Министерката за енергетика...

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...

Уште една донација за Прилепската болница – „џебен“ ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите

Прилепската болница на иницијатива на пензионираниот доктор Златко Савоски доби донација – ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите кој ќе се користи на интерното одделение, првенствено во Центарот за дијабет, како и во другите одделенија кај хоспитализирани пациенти без да бидат транспортирани за дијагностика со ултразвук. Ова е прв ваков...